Кога просветните работници ќе ја добијат платата за јули?

Доцни платата за јули за просветните работници, тврди Независниот синдикат за образование и наука-НСОН.

Претседателот на синдикатот Томислав Гиевски, на прес-конференција пред Министерството за образование, рече дека во образованието не се почитува Законот за работни односи, според кој 15-ти во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец. Тој, како што рече, се сомнева оти и в понеделник на 20 август просветните работници ќе ја добијат платата.

Од синдикатот бараат одговор од Министерството за образование и наука и општините зошто се деградираат работниците во образовниот сектор. Велат дека немаат дополнителни хонорари и надоместоци, па за нив платата, за која сметаат дека е ниска и под просекот, претставува единствената егзистенција.

„Непристојно е за земја која има претензии да стане членка на Европската Унија, работниците да молат да ја добијат нивната чесно заработена плата", изјави Гиевски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари