logo
logo
logo

Кога можеше да се повтори судењето за Монструм, зошто да не се повтори судењето за 27-ми Април? Дали власта се плаши од повторено судење и нови докази?

Vecer | 30.04.2021

Кога можеше да се повтори судењето за Монструм, зошто да не се повтори судењето за 27-ми Април? Дали власта се плаши од повторено судење и нови докази?

Очајот и нервозата во СДСМ се очигледни. Граѓаните се погласно говорат за дебаклот на оваа власт на секое поле, вклучително и правната држава. На виделина излегуваат се повеќе докази дека во Македонија се води хајка против неистомислениците на Заев по принципот трас-трас пресуди, во кои власта на Заев те тужи, власта на Заев те суди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Хистеријата која Заев сака да ја предизвика е поради стравот дека во едно повторено судење за случајот со 27 – ми Април може да излезат нови докази кои ќе фрлат нова светлина и нова вистина, а таа нова вистина е дека осудените сигурно не се терористи. Дополнително што за овој случај се појави и аудио материјал кој покажува дека главниот сведок на обвинителството е сериозно компромитиран. На крајот на краиштата кога можеше да се повтори судењето за случајот Монструм во кој свирепо беа убиени 5 лица, зошто да не се повтори и судењето на овој случај.

Власта на Заев е длабоко загазена во криминал. Токму власта на Заев е закрилник на криминалот и светски мафијашки босови на кои им давала официјални македонски пасоши со украден идентитет. Токму власта на Заев шурува со нарко картели кои добиваат поддршка и помош од високи полициски функционери именувани од оваа власт. Затоа оваа криминогена група предводена од Заев  од петни жили се обидува да ја спречи правдата и мора со нови манипулации да се спаси од одговорност. Но одговорност ќе има и правдата ќе излезе на виделина, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk