Коѕијас: Подобро Македонија да биде наш пријател отколку да стане Голема Бугарија

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас изјавил дека владата на неговата земја има ги предвид сите можни опции за развојот на ситуацијата и дека националните интереси на земјата се заштитени, а договорот со Скопје ќе стапи на сила дури по завршувањето на неопходните уставни промени.

Тој изјави дека целта на Грција е да има пријателска држава или партнер на северната граница, што е значително подобра опција од можноста Македонија да стане "заедница, доминирана од Турција, или да се распадне и да го отвори патот на Голема Албанија и Голема Бугарија ".

Проблемите на надворешната политика се многу сериозни и многу неповолни. Дали Грција тоа го сака? Бидејќи тие зборуваат без да размислуваат за последиците", коментира Коѕијас."Треба да ја разликуваме историската Грција и античка Грчка Македонија од географската карта. Ако не го направиме тоа, ќе сме збунети", додаде тој.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари