Коѕијас: Договорот за името не е резултат на надворешен притисок, туку на компромис

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во говор пред норвешкиот институт за Меѓународни односи, негираше дека договорот за името помеѓу Атина и Скопје е резултат на надворешен притисок, пишува грчкиот весник „То Вима“.

Според министерот, договорот е резултат на структурен и праведен компромис во регионот, кој е извор на инспирација за земјите од Балканот кои меѓусебно водат некаков спор.

Коѕијас изрази уверување дека преговорите со Албанија за десет билатерални прашања ќе бидат успешно завршени, меѓу кои и демаркацијата на ексклузивната економска зона на двете земји. Во говорот насловен „Принципите на грчката надворешна политика: Зајакнување на стабилноста во Југоисточна Европа“, Коѕијас ја истакна политичката рамка која, како што рече, е заснована на мир, интелигенција и дијалог.

Грчкиот министер за надворешни работи во неговото обраќање додаде дека интересите на Атина во голем дел се поврзани со Балканот поради големината на регионалната економија, човековиот капитал и инфраструктурата – елементи кои се неопходни за економскиот развој на целиот регион.

„Ние мораме да одиграме водечка улога во воспоставувањето на културата на компримис и консензус со земјите од регионот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари