logo
logo
logo

Кочоска: ЧЕТИРИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ГИ РАСКИНАЛЕ ДОГОВОРИТЕ

Vecer | 01.02.2021

Кочоска: ЧЕТИРИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ГИ РАСКИНАЛЕ ДОГОВОРИТЕ

  • Кочоска вели дека единствено Владата е добра во водење на скап пи-ар
  • Кочоска вели дека само во последниов период раскинати четири договори со странски инвеститори и тоа се странски инвеститори кои СДСМ ги договорил, потоа ги раскинале договорите
  • Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции на Фајненшл тајмс во 2016 година беше на трето место, во 2018 на 18-то, а од 2019 ја нема на листата од 50-тина држави

Гордана Димитриеска Кочоска, претседателка на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, на своето гостување во Радио Лидер утрово, истакна дека наспроти тврдењата на власта и Заев дека земјава има странски инвестиции тоа не е така затоа што само четири големи компании ги раскинале договорите последниов период, како и дека Македонија е на дното од Балканот што го покажуваат  извештаите за рангирање на индекс на сранските инвестиции.

-Само во последниов период раскинати четири договори со странски инвеститори и тоа се странски инвеститори кои СДСМ ги договорил, потоа ги раскинале договорите, станува збор за германски Кеслер кој требало да вработи 150 лица, две турски компании, една за прозиводство на улично осветлување, една за автомобилска индустрија и една компанија од Албанија инвестиција во фармацевтската индустрија, која требало да вработи 300 лица, овде станува збор за инвестиции кои власта ги договорила, па потоа ги раскинале договорите.

Таа вели зад ваквата одлука на раскинување на овие инвестиции можно е да влијаела корупцијата, честото менување на законски прописи како со прогресивниот данок и неуспешните економски политики на Владата.

-Кога сме кај странските директни инвестиции Фајненшл тајмс, Македонија според индексот за успешност на странските инвестиции во 2016 година била на високото трето место, од 2018 паднала на 18-то во 2019 ја нема воопшто на листата од 50-тина држави, тоа упатува сигнал кај инвеститорите дека нешто не е добро во државата, посочи Кочоска.

Тешко е да се справува со власта кога има ваков степен на корупција, и на еден подолг рок ова ќе остави посериозни последици врз македонската економија.

Кочоска вели дека единствено Владата е добра во водење на скап пи-ар, кој ни прикажува како да сме во некоја од скандинавските земји, кога реалноста е сосема друга.

-Ако тргнеме од странските директни инвестиции ние сме некаде на дното од Балканот и земјите од Балканот,за периодот од јануари до септември странските директни инвестиции само 119 милионио евра или 58 евра по глава на жител, во Србија имала над една милијарда или 295 евра по глава на жител, тука некаде е и Албанија и Бугарија, ние далеку заостануваме пред овие земји, странските инвеститори инвестираат во други земји, вели Кочоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk