logo
logo
logo

Петре што го продаде кучата

Коце тргна со критки за Шилегов, а тој МУ СЕ ОДМАЗДИ СО ПРИЈАВА

Vecer | 03.04.2021

Коце тргна со критки за Шилегов, а тој МУ СЕ ОДМАЗДИ СО ПРИЈАВА

Коце Трајановски, кој остана запаметен како градоначаник на Скопје со убедливо најмногу завршени проекти, почнувајќи од четири нови булевари, реконструкции, изградба на градска куќа и десетици економски, инфраструктирни и културни проекти деновиве се појави со критика за неуспешниот мандат на сегашниот градоначалник Петре Шилегов зад кој не стои ниту еден капитален проект изминативе речиси четири години.

Градската куќа која се изгради во мандатот на Коце Трајановски - Петре Шилегов ја продаде. Парите се потрошија, а Градот остана во бараките од после земјотресот.

Крајот на својот мандат Шелегов го обележува со над 300 промени на имиња на скопските улици при што, тенденциозно, се бришат имиња на активисти на историското ВМРО од времето на Илинденското востание а се ставаат други, по личен избор на Шилегов, меѓу кои и улица која треба да носи име на Енвер Малиќи,  трговец со алкохол, личен пријател и поранешен заменик на Петре Шилегов.

Се откри и уште еден финансиски скандал поврзан со Петре Шилегов. Во време кога Скопје нема ниту еден нов капитален проект, компанијата за снимање со дронови сопственост на сопругот на министерката за образование Мила Царовска ќе ги снима шумските растенија во скопската котлина по нарачка на Град Скопје.

Компанијата на сопругот на Царовска „Флај кем“ склучила договор за проектот со Град Скопје во вредност од над еден милион денари, или 16.250 евра. Но, тоа не е крајниот износ кој ќе биде многу поголем - според  овој договор е утврдена поединечната цена за снимање на шумите на Скопје - за еден квадратен километар (82.600 денари), но никаде во договорот го нема податокот за вкупните шумски површини на Водно, Матка, Гази Баба… И колку пари ќе треба на крајот да се платат на сопругот (партнерот) на министерката Мила Царовска.

За да се заврши целиот проект Град Скопје дополнително ќе треба да обезбеди лиценциран софтвер во кој ќе се прават мерењата на на теренот во скопско. А според познатите постапки за набавка на софтвери, видени кај поранепниот генерален секретар на владата Рашковски, тоа ќе биде коруптива постапка со продолжено десјствие.

Патем, Коце Трајановски го опомена Шилегов дека според важечкиот закон имиња на улици не може да се менуваат во последната година од мандатот на градоначалникот. Одмзадата на Петре Шилегов дојде брзо.

Град Скопје покрена постапка до Антикорупциска за поранешниот градоначалник Коце Трајановски.

Постапката е поведена минатата недела. Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори.

„Откако минатата недела ВМРО-ДПМНЕ обвини за корупција во Договорот со дроновите, ги пребаравме сличните договори што ги склучувал Градот и видовме дека во 2017 година Градот склучил петпати поскап договор од оној во 2016 година. Клопчето почна да се одмотува.

Разгледувајќи ги доставените материјали забележавме дека ни се познати и ги најдовме кадрите дека се користени во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, на Коце Трајановски“, велат за МИА од Град Скопје.

Градските власти истакнуваат дека засега немаат информации за други или слични случаи и додаваат оти не се истражен орган.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk