logo
logo
logo

КЛУЧ за уште еден угостителски објект: Газдата и танчарките во притвор, а бендот без тезга

Vecer | 10.03.2021

КЛУЧ за уште еден угостителски објект: Газдата и танчарките во притвор, а бендот без тезга

Доцна синоќа, некаде 20: 30 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Неготино, Гостиварско, сопственост на С.Т.(21) од с.Неготино.

При контролата во објектот биле затекнати 30 лица – гости, бенд со четири изведувачи и 13 женски лица(пет странски и осум македонски државјанки) кои ги забавувале гостите и било констатирано дека не биле почитувани протоколите за спречување на ширењето на Ковид 19.

Притоа, сопственикот се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и член 144 од Кривичниот законик – „загрозување на сигурноста“.

Во полициска станица биле приведени и странските државјанки(две од Косово, две од Албанија и една од Србија) поради злоупотреба на туристичкиот престој. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk