logo
logo
logo

КЛУЧ за уште два угостителски објекти

Vecer | 07.03.2021

КЛУЧ за уште два угостителски објекти

Два угостителски објекти од Куманово не ги почитувале здравствените протоколи, соопшти денеска СВР Куманово. Синоќа во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во чајџилница на улицата „Карл Маркс“ во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица. Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Друг угостителски објект, пак, е затворен бидејќи работел по дозволеното време, соопштија од СВР Куманово. Синоќа во 21:30 часот при контрола на угостителски објекти, полициски службеници од СВР Куманово констатирале дека угостителски објект на улицата „Октомвриска револуција“ работи по дозволеното време. Во објектот биле затекнати двајца гости, поради што на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираа од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk