logo
logo
logo

КЛУЧ на врата за објект во кој се ФАТЕНИ танчарки

Vecer | 10.06.2021

КЛУЧ на врата за објект во кој се ФАТЕНИ танчарки

Синоќа во периодот од 22:15 часот до 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, Тетовско, сопственост на З.С.(49) од с.Желино.

При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за време на епидемија. Во објектот биле затекнати 19 лица - гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки.

Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk