logo
logo
logo

Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите

Vecer | 12.08.2022

Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите

Клиниката Жан Митрев соопшти дека целосно соработува со институциите и дека д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО денеска бил таму и дал своја изјава. -Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста, наведуваат во соопштение до медиумите од Клиниката посочувајќи дека за понатамошниот развој ќе информираат соодветно. Искрено веруваме, се наведува, дека само со транспарентен однос и отворена соработка можеме да и служиме на вистината и на етичките и моралните вредности според кои работиме. Од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска за МИА потврдија дека доктор Жан Митрев бил повикан на распит за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје. Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk