logo
logo
logo

Клиника „ЖАН МИТРЕВ“ НЕМА ПРОПУСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО - Пресуда на Кривичен за пријавата од МАЛМЕД

Vecer | 06.06.2023

Клиника „ЖАН МИТРЕВ“ НЕМА ПРОПУСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО - Пресуда на Кривичен за пријавата од МАЛМЕД

Основниот кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на Клиничката болница Жан Митрев.

Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката Жан Митрев се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок. Според овој заклучок Основниот кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со МАЛМЕД.

Со оваа ослободителна пресуда се потврдува дека Клиничката болница Жан Митрев и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот. Ова е само еден чекор кон целосно докажување на вистината и фактичката состојба за нашата работа и тоа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено во интерес на пациентите и согласно етаблирани методи и стандарди при лекувањето.

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) му поднесе прекршочна пријава на доктор Жан Митрев затоа што клиничките испитувања кои ги вршел врз пациенти болни од ковид не биле пријавени.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk