logo
logo
logo

Ќулавкова: “Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување“

Vecer | 02.07.2022

Ќулавкова: “Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување“

Академик Катица Ќулавкова се осврнува и на лагата за заштитеноста на македонскиот јазик со францускиот предлог за кревање на бугарското вето и за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија.

„Имало само една фуснота дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Па колку пати треба да повторат за да биде уверливо дека, според Бугарија, а сега и според ЕУ, македонскиот јазик не е природојазичен систем, туку дијалект на друг јазик, бугарскиот јазик? Од 2017 го пишуваат истото во сите официјални документи, но вие се правите дека не е напишано, не читате, не реплицирате, не осудувате, не се повикувате на наука, не се повикувате на меѓународни конвенции. Штама.

Тврдат дека цела македонска средновековна историја е бугарска, пак ги затворате очите, ушите и устата. Тврдат дека сме вештачка творба, вие пак се правите недугави.

Последиците ќе бидат огромни, спротивни на поимот цивилизација, придобивките никакви, вие го уверувате народот и светот дека предлогот е одличен, подобар не може да биде! Има ли крај агонијава? Не смее да помине овој акт на самонегација и негација, на самопонижување и понижување. Ред вето, ред лага, ред вето, ред лага и така до бескрај, етноцидна, културоцидна стратегија против македонскиот народ!“, вели Ќулавкова во нова објава на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk