Ќе се преземаат активности за поефикасно функционирање на СВР Тетово

Безбедносната состојба во Тетово е стабилна. Ваков е заклучокот при посетата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Секторот за внатрешни работи Тетово, каде што се сретна со раководството на оваа организациона единица при МВР, како и со претставници на локалната власт на чело со градоначалникот Теута Арифи.

Во рамки на средбата станало збор и за активностите во насока на поквалитетно и поефикасно функционирање на СВР Тетово, по што министерот Спасовски изјави дека клучен принцип во работата треба да биде максималното почитување на професионалните стандарди и сигурноста на граѓаните.

Во таа насока, како што посочи Спасовски, потребна е поинтензивна и поблиска комуникација на полицијата со локалните власти, пред се преку поактивно дејствување на локалните совети за превенција, а се со цел подигање на безбедносните и превентивните стандарди на повисоко ниво.

Спасовски ја посети и Полициската станица Гостивар, а се сретна и со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари