logo
logo
logo

Ќе има ли РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ по 20 април?! Епидемиолошката состојба ќе кажела

Vecer | 15.04.2021

Ќе има ли РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ по 20 април?! Епидемиолошката состојба ќе кажела

Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека ако има потреба мерките можат да се продолжат или да се модифицираат.

-Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство.

Тој истакна дека надлежните институции ќе разговараат за ова и согласно состојбата ќе донесат соодветни одлуки.

-Во таа смисла проценки ќе се прават и викендот и на почетокот на следната недела и согласно тоа ќе се  одлучува, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на вакциналниот пункт во Салата „Борис Трајковски“.

Во моментов на сила е ограничување на движењето на граѓаните во период од 20 до 05 часот, а затворени се и угостителските обекти и теретаните, а со пункт за уплата функционираат обложувалниците.

Министерот Филипче одговараше и на прашање за информации за недостиг на реагенси за лабараториски анализи и за брзи тестови и притоа истакна дека по направената проверка било констатирано дека во сите лабаратории има сосем доволно количини на реагенси за вообичаените анализи, како и а тие што се однесуваат на Ковид-19. Има, нагласи министерот, и сосема доволна количнина брзи тестови на сите пунктови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk