logo
logo
logo

Кинеските вакцини се уште ги нема, а Филипче вели дека авансот е вратен поради "наша безбедност"

Vecer | 28.02.2021

Кинеските вакцини се уште ги нема, а Филипче вели дека авансот е вратен поради "наша безбедност"

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека е вратен авансот за кинеските вакцини поради „наша безбедност“, додавајќи дека тоа не значи дека тие нема да пристигнат во државава.

„Постапката трае подолго од тоа што ние очекувавме, но тоа е случај и со други земји“, потенцираше тој за Канал 5 и вети дека наскоро ќе пристигнат вакцините и дека преговорите со нив се во завршна фаза.

Филипче исто така рече дека одлично се одвива и процесот на имунизација, а очекува до следната недела да бидат вакцинирани над 4.000 лица кои директно се вклучени во работата со коронавирусот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk