logo
logo
logo

Кичевски „Комуналец“ ги моли граѓаните да не фрлаат се и сешто во канализацијата

Vecer | 24.06.2021

Кичевски „Комуналец“ ги моли граѓаните да не фрлаат се и сешто во канализацијата

По изградбата на пречистителната станица за отпадни фекални води во Кичево пред три години, ЈКП „Комуналец“ во повеќе наврати упатуваше апели до граѓаните, во канализациската мрежа да внимаваат што фрлаат, за да не се случи дефект и да дојде до затнување на мрежата и потоа и на пречистителната станица , која е изградена единствено за пречитување на фекалните отпадни води, потврди Зенел Јонузи директор на ЈКП „Комуналец“ Кичево.

-Со изградбата на пречистителната станица за отпадни фекални води пред три години, и со поголема грижа на граѓаните што треба да се фрла во канализациската мрежа, а што не треба да се одлага, очекувавме да обезбедиме речиси чиста вода што од станицата ќе биде испуштана во реката. Но, како до нашите сограѓани да не допираат апелите и во пречистителната станица може да се забележи дека се фрла се и сешто, па дури и зимницата што преостанала се фрла во цевките кои во повеќе наврати се затнати токму од тие причини, вели Јонузи.

Тој ги повика своите сограѓани да внимаваат што фрлаат во канализациската мрежа за таа да може непречено да фунционира во што подолг рок. Јонузи истакна дека се забранува во канализациската мрежа да се насочуваат цевките од олуците на покривите кои треба да се упатуваат во атмосверската канализација, а не да се меша оваа вода со фекалната.

Пречистителната станица во Кичево е изградена со средства од ЕУ а почна со работа на 20 јуни 2018 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk