logo
logo
logo

Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници не избегал од болница, САМО БИЛ ТЕЖОК ЗА СОРАБОТКА

Vecer | 10.08.2022

Кичевчанецот со можни мајмунски сипаници не избегал од болница, САМО БИЛ ТЕЖОК ЗА СОРАБОТКА

Директорот на кичевската болница Станко Трпески вели дека кичевчанецот кој можеби е првиот заразен со мајмунски сипаници во Македонија не побегнал од болница. Тој вели дека само бил тежок за соработка.

Тој за Телма дека целата процедура е запазена за да се утврди точна дијагноза со тестови за вирусот.

Трпески претходно изјави дека пациентот бил во кичевската болница во понеделник-вторник и му било укажано да оди на Инфективна клиника во Скопје, но не се појавил во дежурната служба.

43-годишно лице од Кичево можеби е првиот регистриран случај на мајмунски сипаници во Македонија, а истиот по 3 недели престој во Австрија, побарал лекарска помош кога се вратил.

Медиумите попладнево објавија дека на лицето му било препорачано да остане во болница и да се тестира за мајмунски сипаници, но истиот побегнал и не го посетил ниту матичниот лекар.

Пациентот бил хоспитализиран во болница, а имал изразени симптоми по неколкунеделен престој во странство.сипа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk