logo
logo
logo

Кичеец одлежува затвор - по кафани

Vecer | 03.05.2021

Кичеец одлежува затвор - по кафани

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со реакција дека Зоран Милевски Кичеец, осуден како обвинет во случајот „Рекет“, може слободно да излегува од затворското одделение во Струга и, како што велат од таму, да се гости по летните тераси.

- Зоран Милески, Кичеец или Кичевскиот, човекот осуден на затворска казна, човекот снимен како ги носи парите од рекет, човекот снимен којшто ја носи полна со пари онаа „Луј Витон“ торба, пари што според исто така осудениот Боки 13 завршиле кај Зоран и Вице Заеви, наместо во затвор, седи и се гоштева по летните тераси на меаните! Ова е скандалозно, но и очекувано.

Режимот на мафијата, преку правосудниот систем во пупка, наместо на отслужување на затворска казна, Кичеец го смести во Струга, во затвор од отворен тип, од каде што затворениците излегуваат надвор!, рече гласноговорникот Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.

Според Стоилковски, Кичеец пред да заврши судскиот процес ја променил адресата на живеење од Скопје во Струга за да може да ги ужива привилегиите од отворениот тип на тамошниот затвор.

„За да заврши во Струга, наместо во Идризово или во Штип, тој ја менува адресата на живеење непосредно пред крајот на судскиот процес, што иницира, што посочува, индицира само на една работа, а тоа е дека можеби му било ветено дека ќе заврши токму в отворениот затвор во Струга“, рече Стоилковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk