logo
logo
logo

Хигиената во основните училишта во Крива Паланка делува поразително

Vecer | 06.12.2022

Хигиената во основните училишта во Крива Паланка делува поразително

Нехигиената е нешто што прво се забележува по влезот во двете основни училишта во Крива Паланка. На прагот на 2023-та година, во XXI век, додека цел свет оди напред во образовниот систем со најнови технологии и современи услови, ние во Македонија сме соочени со основни проблеми во сите генерации. И кога зборуваме за основни проблеми, се соочуваме со прашања во кои дефинитивно се допира дното. Темата која денес ја објавуваме е нешто за кое е срамота да се зборува, но срамот е кај надлежните во повеќе скалила. Тоалетите во основните училишта во Крива Паланка се жив извор на зарази бидејќи хигиената во нив е на најниско можно ниво. Тоалетните школки кои ги користат дечиња не се чистат со денови. Во Крива Паланка има две основни училишта, „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“. Децата од цел град одат на настава токму овде. За иронијата да биде поголема, едно од училиштата пред извесно време е реновирано. Но, што значат за децата новите тоалетни школки, доколку поради нехигиената во нив мораат да избегнуваат да ги користат? Револтирани, а пред сè загрижени родители, ја контактираа редакцијата на КУРИР, за да ја информираат дека не успеале да допрат до надлежен со слух за овој проблем во општината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk