logo
logo
logo

Казнети возачи за вршење превоз без лиценца, несоодветна документација

Vecer | 07.08.2024

Казнети возачи за вршење превоз без лиценца, несоодветна документација

Денеска (07.08.2024) од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар.

Од извршената контрола, утврдено е дека истиот превезува огревно дрво (со соодветна документација), но не поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стока. За истото од страна на Мобилната единица за компезаторни мерки е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 500 евра.

Исто така, денеска на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило “ман” со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Желино а управувано од Ш.Љ. од Тетово. Од извршената контрола, утврдено е дека возачот ја нема потребната документација, односно нема патен налог и товарен лист. Од извршените дополнителни проверки, исто така е утврдено и дека тахографот на возилото е небаждарен, по што за истото е известен Државниот инспекторат за транспорт од чија страна е изречена глоба во висина од 3.900 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk