logo
logo
logo

Казнети 152 возачи во Скопје

Vecer | 10.06.2021

Казнети 152 возачи во Скопје


Полицијата вчера казни 152 возачи во Скопје, од кои најголем  број за непрописно паркирање, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, 87 санкции за непрописно паркирање“, соопшти МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk