Полицијата за еден ден казни 133 возачи за брзо возење на територија на СВР Штип.

Денеска во времето од 09 до 16 часот на подрачјето на СВР Штип е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата се санкционирани 133 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, од кои 117 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 16 во населено место.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

makfax.com.mk