logo
logo
logo

Катица Јанева преку ден работи кај синот адвокат, а навечер се враќа во ЗАТВОР

Vecer | 12.02.2024

Катица Јанева преку ден работи кај синот адвокат, а навечер се враќа во ЗАТВОР

Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Катица Јанева е работно ангажирана надвор од затворот „Идризово“. Таа е вработена во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, адвокатот Лазар Јанев.

Од Управата за извршување на санкции за МИА потврдуваат дека Јанева добила дозвола за работен ангажман.

Јанева, која има издржано пет од вкупно седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, според условите наутро излегува од Идризово, а по завршување на работниот ден, мора да се врати во затворската ќелија.

Адвокатот Лазар Јанев, во изјава за Сител вели дека Јанева работи на прием и заведување документи, се грижи и за нивна класификација.

– Таа во мојата канцеларија е ангажирана за архивско и канцелариско работење, со тоа што ми помага во обврските кои се поврзани со работењето на канцеларијата, изјавил Јанев.

Јанева во јуни 2020 година беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластување на седумгодишна затворска казна во случајот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски кој доби казна затвор од девет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk