Катимерини: На маса е ново име поврзано со Крушовска Република

Photo: Screenshot

Нов предлог име за севкупна употреба бил разговара на последната рунда преговори меѓу министрите за надворешни работи, која се одржа во Њујорк. Како што пишува грчкиот весник „Катимерини", на преговарачката маса е ново име поврзано со Крушово и кое сè уште не е откриено во јавноста.

Според весникот новото предлог име се однесува на Илинденското востание и на Крушовската република од 1903 година. Грчкиот весник вели дека новото име ќе го рефлектира словенското потекло на земјата, отфрлајќи поврзаност со антиката.

Според „Катимерини" македонската страна ги одбила предлозите Горна Македонија и Нова Македонија како „ерга омнес".

Поврзани

Најнови вести

Коментари