Коњановски во Дренок

Касарна стана ловиште

Министерот за одбрана Зоран Коњановски ја посети дивестираната караула Дренок во општината Струга. Објектот на некогашната караула сега ја користи ловното здружение "Нерез" од струшкото село Бозово и е ставена во функција на развој на ловниот туризам во Македонија.
- Оваа караула од 2005 година не е во функција и до пред неколку месеци целосно беше руинирана. Донесовме одлука да ја отстапиме. Поради новонастанатата ситуација и во оваа караула голем дел од покуќнината недостасуваше, но денеска видов една комплетно реновирана караула благодарение на ентузијазмот. Денес Македонија граничи со земји кои се членки на НАТО, имаме нова стратегија за одбрана и затоа одучивме голем дел од овие караули да ги ставиме во функцијата на туризмот, рече Коњановски.
Претседателот на Здружението "Нерез" Нове Вељаноски смета дека има интерес и од странските земји за ова ловиште.
- Нашето ловиште изобилува со дива свиња и срна. Едното ловиште за крупен дивеч се протега од Горна Белица до Требишка Река по границата со Албанија и е со површина од 18000 хектари и на исток по течението на Црни Дрим, рече тој. Во моментов одбраната прави напори да се сочуваат 45 објекти кои по формирањето на граничната полиција останаа празни, а ги користеше Армијата долж граничната линија.




Поврзани

Најнови вести

Коментари