logo
logo
logo

Касами бара ОДГОВОРНОСТ ОД СПАСОВСКИ за бегството на Мијалков

Vecer | 22.02.2021

Касами бара ОДГОВОРНОСТ ОД СПАСОВСКИ за бегството на Мијалков

Коалициониот партнер на СДСМ, Билал Касами од БЕСА бара одговорност од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

-Најдиректна одговорност треба да побараме од Министерот за внатрешни работи. Тој е избран во Собрание и таму треба да објасни. Прашуваме каде е човекот, каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал?. Тоа треба да го одговори Министерот за внатрешни работи, вели Касами за Клик Плус на ТВ21

Касами вели доколку нема одговор на овие прашања, ќе се бара политичка одговорност за бегството на Мијалков.

-Ако не успее да даде одговор на овие прашања, тогаш ќе бараме политичка одговорност. Ние политичка одговорност не можеме да побараме од обвинителството, само од Министерот за внатрешни работи, додава Касами.

Истакнува дека ќе почекаат неколку дена да се разјасни ситуацијата и ќе бараат од Спасовски да одговори во Собрание.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk