logo
logo
logo

КАРМА: Царовска со ИСТОРИСКА ГРЕШКА на дигитален уред (ФОТО)

Vecer | 09.05.2021

КАРМА: Царовска со ИСТОРИСКА ГРЕШКА на дигитален уред (ФОТО)

Министерката за образование Мила Царовска која со реформите во образованието има идеја да воведе дигитални учебници, додека пак во основното образование предметот историја да го спои со други предмети денеска направи историска грешка на дигитален уред.

Имено Царовска на Фејсбук честиташе Ден на Европа и Ден на победа на фашизмот, иако денес е Ден на победа НАД фашизмот.

Имено, на 9 мај пред 75 години заврши Втората Светска Војна со капитулација на нацистичка Германија.  Со тоа  официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Денот на победата се слави и низ цела Европа, во спомен на жртвите и крајот на Втората светска војна, но и Денот на Европа поради почетокот на создавањето на заедницата на европските земји, пет години подоцна.

Овој гаф на Царовска предизвика  бурни реакции во јавноста особено затоа што таа изминатиов период велеше дека се создаваат функционално неписмени ученици.

Помина подолг период пред министерката да ја забележи грешката, која веќе ја корегираше.

ВАКОВ ЛИ ЗАСЛУЖИ СКОПЈЕ?! Шилегов се расфрла со “фашисти“ и “оперски певачици“

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk