logo
logo
logo

Канта што зборува ќе ги УЧИ СКОПЈАНИ да не фрлаат ѓубре наоколу (Видео)

Vecer | 02.06.2023

Канта што зборува ќе ги УЧИ СКОПЈАНИ да не фрлаат ѓубре наоколу (Видео)

Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.

Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Посочуваат дека во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

Од Центарот за современи уметности соопштуваат дека во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерија во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Од Центарот се надеваат дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk