logo
logo
logo

Камион веројатно со мигранти се преврте на патот Удово- Гевгелија

Vecer | 10.08.2022

Камион веројатно со мигранти се преврте на патот Удово- Гевгелија

Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово-Гевгелија, според првичните информации повредени се мигранти.

-Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесетина биле, такви ни се првичните информации, рекоа од Брза помош Кавадарци.

Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската.

Цела екипа со санитетско возило биле испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.

Од МВР потврдија дека вечерва во 18:10 пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од селото Марвинци кон регионалниот пат Гевгелија – Демир Капија, односно М1

„Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во првичното соопштение на полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk