logo
logo
logo

Камиказа: НЕМОЈТЕ ДА ГЛАСАТЕ ЗА ШИЛЕГОВ

Vecer | 21.10.2021

Камиказа: НЕМОЈТЕ ДА ГЛАСАТЕ ЗА ШИЛЕГОВ

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски Камиказа  им порачува на граѓаните да не гласаат за Шилегов. Тој вели дека Шилегов е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.

- Овие избори за него се да се биде или не.Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено, вели Георгиевски во интервју за Република.

Според него Шилегов ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.

Георгиевски вели дека не може да неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот ,но оти е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа може граѓаните да извлечат заклучок.

- Јас само знам за кого не би гласал а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат.Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов-порачува Камиказа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk