Кандидатот за градоначалник на Левица Петар Георгиевски-Камиказа во интервју за Република изјави дека очекувал да добие околу 60.000 гласови на локалните избори и дека излезноста ќе биде над 65 посто.

Сепак тој е горд дека од овие избори излегол горд без ниту едена дамка и со чист образ.

Тој објаснува дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите.

За досегашниот градоначалник на Скопје се уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.

Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.

Георгиевски вели дека не може да неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот ,но оти е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа може граѓаните да извлечат заклучок.

-Јас само знам за кого не би гласал а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат. Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов-порачува Камиказа.