logo
logo
logo

Камчев не сакаше да сведочи за случајот „Меѓународен сојуз“

Vecer | 18.03.2021

Камчев не сакаше да сведочи за случајот „Меѓународен сојуз“


Бизнисменот Орце Камчев одби да биде сведок во случајот „Меѓународен сојуз“ бидејќи бил нарушен неговиот кредибилитет. На ваквото барање се спротивстави обвинителката Ивана Трајчева и побара да биде сослушан, а судијката Софче Гаврилова-Ефремова прифати.

„Барам да бидам изземен од својството на сведок затоа што во околности каде што во државава се грубо крши законот од страна на Обвинителството и судот, мојот кредибилитет е нарушен и нема да бидам во корист на Обвинителството“, рече Камчев.

Сепак, за Трајчева, притворот на Камчев нема поврзаност со овој случај.

„Денес, повиканиот сведок е тука во врска со предметното обвинение. Повикан е на околности колку е запознаен и дали е запознаен во врска со проектите на Меѓународниот сојуз. Притворот за друг предмет нема никаква врска со исказот и кредибилитетот. Таа постапка се разликува од оваа денеска. Доколку смета дека таму му се прекршени правата, треба тоа да го каже таму“, рече Ивана Трајчева.

Судијката ѝ рече на обвинителката да го испраша сведокот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk