logo
logo
logo

Калајџиев: Обвинителството ги злоупотребува одредени постапки

Vecer | 07.04.2021

Калајџиев: Обвинителството ги злоупотребува одредени постапки

Универзитетскиот професор по право Гордан Калајџиев вечерва во Топ тема на Телма телевизија истакна дека во одредени случаи Обвинителството ја злоупотребува постапката со замрзнување имоти, притворања, рекетирања и постои политичка и правна злоупотреба, која се докажа во случајот со Катица Јанева.

Ќе решиме многу проблеми за Обвинителството ако одлучиме да го напуштиме политизираниот избор на првиот човек, бидејќи за џабе имаме избори од независно тело како Судскиот совет кое има проблем со својата независност, ако таму првиот човек е поставен од Владата, мислам дека е време серизоно да се размисли за ова прашање, вели професорот.

Калајџиев го коментираше извештајот на Стејт департментот во делот на судството и обвинителството, па вели дека дел од забелешките се и во делот на долгите истраги особено оние кои биле водени од СЈО, како случајот Империја.

Злоупотребата на постапката во тој случај, заедно со новото водење на постапката укажува на тоа дека на некој начин Обвинителството ја злоупотребува постапката и не е логично луѓе да бидат под притисокот со замрзнати имоти, со притворања, особено не со рекетирање подолго време за случаи кои се предмет на политички и правни злоупотреби, од кои видовте дека се докажа и во случајот каде одговараше и обвинителката Катица Јанева, истакна Калајџиев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk