СЈО правно-формално веќе не постои но, предметите кои компромитираното и распуштено СЈО го отвори се уште се живи. Едни се во судска постапка а други, преотворени после неколку години, чекаат кога ќе му затребаат на СДСМ за нови судења кои ќе ја оттргнат вниманието од тековните коруптивни скандали.

Присокот врз судот од предметите кои ги работеше, и се уште ги работи тимот обвинители од СЈО, се голем притисок за судиите кои треба да судат онака како што од нив очекуваат не судските елементи: партиски активисти, партиски невалдини и нивни медиуми кои за себе тврдат дека се јавност, како и партиите на власт.

Калајџиев вели дека не би сакал да биде на местото на обвинетите, бидејќи во моментов судот е под притисок, особено во предметите за кои постои поголем интерес во јавноста. Јавноста е навивачки ориентирана, а за разлика од САД, кај нас не постои заштитен механизам кој би гарантирал фер и правична пресуда.

Целиот случај со набавката на опрема за потребите на УБК, според професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев, е базиран на претпоставки во чие докажување Јавниот обвинител не отишол подалеку од таму каде што бил на почетокот.

За професорот Калајџиев најспорен е моментот во кој се претпоставува одредена материјална штета, без да се понуди економско вештачење. Притоа се оспорува идејата за набавка преку фирмата застапник, наместо набавка директно од производителот.

– Сите докази се на база на претпоставки. ЈО нема отидено подалеку во однос на првичните претпоставки. Викаат имало дистрибутер. Па нормално е да има дистрибутер. Вие сега и лекови набавувате преку дистрибутери. Која е гаранцијата дека би била поефтина цената ако се одело директно со проиводителот, кога и така не е наведена цената – рече професорот Калајџиев во неговото вчерашно гостување во „Топ тема” на телевизија Телма.

Според Калајџиев, нема логика да се тврди дека е предизвикана некаква материјална штета, а да не може да се наведе кој имал противправна имотна корист и колкава била таа. Апсурдно е за Калајџиев да се претпоставува дека Мијалков или кој било друг функционер би сакал да направи штета на инситуцијата која што ја води без да има некаква корист. Тоа би значело дека самиот си става крај на политичката кариера.

Ваквиот начин на конструирање на предметите, професорот Калајџиев го толкува како обид на обвинителството да протне некаква формулација, за да обезбеди полесен пристап до осудителна пресуда без утврдени дејствија на извршување.

– Има многу претпоставки кои не се докажани, а се темелат на некакво влијание на Мијалков и на Груевски. Самото обвинителство тргнува од претпоставка дека тие не вршеле набавки.

Калајџиев го зема и примерот со судењето наречено Трезор. Претпоставката е дека влијаеле врз оние кои набавувале, а тие се повикуваат како сведоци. Се креира слика дека обвинетите се лошите кои имале моќ да влијаат. Ниедно дејствие не покажува како е вршено влијанието. Дури и да имало влијание, тоа е друго дело. Имавме расправа за 353 е од секундарен карактер и тоа е општо дело. Ако имате незаконско влијание, тоа е друго дело 359 и со многу пониска казна – смета Калајџиев.

Калајџиев вели дека не би сакал да биде на местото на обвинетите, бидејќи во моментов судот е под притисок, особено во предметите за кои постои поголем интерес во јавноста. Јавноста е навивачки ориентирана, а за разлика од САД, кај нас не постои заштитен механизам кој би гарантирал фер и правична пресуда.

Калајџиев во „Топ тема” предупреди дека одбраната не смее само да биде украс во предметите и мора да постојат гаранции за еднаквост на обвинителството и одбраната.