Какво време да очекуваме од понеделник

Денес (недела) како и на самиот почеток од новата работна недела која што ни претстои времето во државава ќе биде сончево и топло преку ден со умерена локална облачност.

Локално од пладне па натаму ќе има локален развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 27 до 35 степени, додека наутро како што претходно најавивме ќе биде значително посвежо, а новата работна недела по одделни котлини како и по планинските превои има услови за појава на рано – утринска магла.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – Славчо Попоски!

Поврзани

Најнови вести

Коментари