logo
logo
logo

“Каков срам”: И Британци лути на функционери на СДСМ

Vecer | 02.05.2021

“Каков срам”: И Британци лути на функционери на СДСМ

“Каков срам”, пишува британец кој престојува во Македонија кој објавува фотографии од тоалети на град Скопје под ингеренции на градската администрација што ја води СДСМ.

“Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, ова се тоалетите кои ги обезбедувате за децата од градот кои играат на детското игралиште во средината на градскиот парк. Каков срам”.

Ова го пишува странец, најверојатно родител кој ги носи своите деца во градскиот парк.

Неговиот идентитет не го објавуваме поради тоа што објавениот пост е “приватен” и не е не е објавен како “public” туку кружи по социјалните мрежи како порака дека работата на Шилегов ги допира и странците а не само македонските граѓани.

За истите тоалети во кои царува смрдеа и нечистотија предходно реагираа и многу други граѓани кои преку социјалните мрежи бараа средување на фрекфентната локација но администрацијата на Шилегов не го послуша нивното барање тоалетите да бидат исчистени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk