logo
logo
logo

Каков имот пријавила Весна Дамева, новата претседателка на Судски совет?

Vecer | 06.12.2022

Каков имот пријавила Весна Дамева, новата претседателка на Судски совет?

Таа има стан во Скопје од 54 метри квадратни како нејзин личен имот, за кој нема податоци колку чини, а нејзиниот сопруг поседува исто така стан во главниот град на државава, но малку поголем, од 62 метри квадратни. И за него нема податок колкава е неговата моментална вредност, пренесува Фактор.мк. Сопругот го стекнал станот во Скопје по пат на купопродажба, а таа го стекнала на друг начин. Ова е дел од имотот кој го пријавила во Антикорупциската комисија Весна Дамева, тогаш како членка на Судскиот совет, а сега новоизбрана претседателка на таа институција, која се смета за главен филтер за судиите, односно ја оценува нивната работа. Како заеднички имот двајцата поседуваат благородни метали, односно златен и друг накит, со вредност од околу 20 илјади евра, како и уметнички слики од нецели 10 илјади евра. За нив не е објавен податок во имотниот лист на кој начин се стекнати. Како имот на брачниот другар се пријавени и скапоцени часовници, кои вредат 24 илјади евра, како и моторно возило Ауди А6, со вредност од околу 16 илјади евра. И за нив нема подсаток на кој начин се стекнати. Брачниот другар пријавил и акции чија вредност не е наведена, а се купени, како и удели од по 33 и 50 отсто во одредени фирми, за кои е наведено дека се стекнати на друг начин. Сопругот на Дамева, како што е наведено во нејзиниот анкетен лист, поседува и две побарувања по основ на даден заем, и тоа едното од 1,7 и второто од три милиони денари, за кои не е даден податок како се стекнати. Тој има и дебитна и кредитна картичка, како и трансакциска сметка. Дамева како имот на децата, пак, пријавила и 3.612 евра и 206 долари, како подарок, како и орочен денарски депозит од 87.985 евра, стекнат со договор за подарок. Децата поседуваат и трансакциски сметки. Брачниот другар на новата претседателка на Судски совет поседува и банкарски сеф во кој има 2,2 милиони, но не е наведено во која валута, а таа лично има кредит од 320 илјади, исто така непознато во која валута.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk