По сканадлот со грантови во Министертвото за култура

Како се поделија 635.000 евра за “иновации“ на партиски активисти

Грантовите во министерството за култура делени на свои партиски активисти, давани како “боречки додаток“ на демонстранти од т.н. шарена револуција, плаќано за сунет, песни за УЧК, за ласцивни книги, на фирми кои немале ни упис во Централен регистар... ги открија моделот и намерите. Фондот за иновации и Министерството за одбрана се следна фаза, а засега врв е минстерстсвото за здравство

Вицепремиер, министер без ресор, пратеник, директор и советници добија народни пари за иновација, како и за проекти за Министерството за одбрана, а овој случај нема кој да го истражува бидејќи сè уште не е формирана Антикорупциска комисија.

Граѓаните се прашуваат дали со ваквите скандалозни доделувања на грантови од Фондот за иновации, како и Министерството за одбрана, би имало искрена политичка волја за борба против корупцијата.

Иако Министерството за одбрана ги демантира информациите објавени во повеќе медиуми дека министри, советници во владата на премиерот Зоран Заев и поддржувачи на СДСМ се дел од невладините организации кои добија пари за проекти од Министерството, сепак фактите го покажуваат спротивното.

Невладината организација Евро-Атлантски совет на Македонија (ЕАСМ), доби 500.000 денари за проект „Школа за одбрана, безбедност и НАТО интеграции". Проектот што ќе трае шест месеци, од јули до декември, предвидува реализација на 15 неделна школа за теми поврзани со НАТО интеграциите, безбедноста и одбраната.

ЕАСМ е невладина организација формирана 1997 година во Скопје, која промовира евро-атланската идеја, и досега исто така имала соработка со државните институции, особено со Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана. Претседател на ЕАСМ е Исмет Рамадани, поранешен министер во блада на СДСМ, дежурен партиски колумнист а сега кај премиерот Зоран Заев минатата година назначен за надворешен соработник за подготовка анализа и извештаи за остварување на стратешки приоритети и определби за членство во НАТО. Тој за своите советодавни услуги добива месечен надоместок од 40.000 денари.

Невладината организација „КХАМ" од Делчево, доби 150.000 денари за сензибилизирње на женската популација од три локалитети на возраст од 17 до 20 години, преку информирање за можностите за школување на Воената академија. Претседател на „КХАМ", е Аксел Ахмедовски, министер без ресор за имплементација на Стратегијата за Ромите, кој дојде на местото Самка Ибраимоски. Ахмедовски од 1994 до 2002 бил член на СДСМ, од 2008 до 2012 генерален секретар на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), а од 2013 потпретседател на оваа партија.

Институтот за европски политики -ЕПИ, за организирање на граѓанска дебата за НАТО, доби 400.000 денари од Министерството за одбрана. Директор на Институтот е Малинка Ристевска Јорданова, директорка на Институтот за европска политика, позната во јавноста како гласен поддржувач на СДСМ.

Фирмата Декодикс од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра. Меѓу сопствениците на фирмата е снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на нејзиниот син Горан Кан Керкез. Патем фирмата која добила 330.000 евра според документацијата била регистрирана само 45 дена претходно.

296.000 евра државна донација за фирма која ја води претседателот на СДСМ Кавадарци

Компанијата Кодинг – Горска ДООЕЛ добила 18.227.237 денари, односно 296.000 евра од Фондот за иновации за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола"!

Директор на производство (практично втор човек), во оваа компанија е Горан Тодоров, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци. Иновативноста која ја покажува компанијата на Тодоров, е во тоа што измислиле нова амбалажа, етикета и водата ќе им била со вкус на алое вера и ацерола. Колку тука има “иновација“ може секој човек сам да пресуди, 296.000 евра за да се смисли ново шише за минерална вода, постапка која фирмите ја прават безмалку тековно.

Анѓушев и Локвенец ги повикаа партнерите од Каст Инвест и Гинис да се откажат од грантовите од 160.000 евра

Откако фирмите во кои тие имаат дел од сопственоста аплицираа и добија пари од Фондот за иновации, по критиките во јавноста – се предомислија. Вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец ги повикаа косопствениците на компаниите Каст Инвест и Гинис каде и тие имаат дел од сопственоста да се повлечат од грантовите на Фондот за иновации тешки по околу 160.000 евра. Реакцијата доаѓа по силниот притисок од јавноста дека има судир на интереси и дека државните пари се делат по партиска линија.

Јас не можам да бидам пречка и да го сопрам тоа и да влијаам врз одлуките што ги носат доминатните сопственици. Не гледам причина зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани. Сепак поради настанатата ерозија на вредностите и искривента перцепција која се има акумулирано во последните 10 години во услови на нетранспарентно управување и владеење јавноста е разбирливо сензитивна. Со оглед на тоа ги повикав моите колеги косопственици да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат", потенцира Анѓушев.

Пратеникот Локвенец, пак потенцираше дека во „Гинис" е само акционер и не учествувува во раководењето, но има негова фирма која ја има во бомбите која била наменски казнувана цел тој период.

Ги повикав содружниците да се откажат од грантот од Фондот за иновации од 160.000 евра. Морам да потенцирам две работи. Прво дека никогаш не сум учествувал во раководењето на фирмата, а акционер сум од 2000-та година. Второ имам друга фирма на исто име и иста жиро сметка, фирма која ја имаше во бомбите, која беше наменски казнувана цел тој период. Мора да потенцирам дека во оваа држава мораме да ја градиме довербата во институциите и само така ќе ја изградиме европска Македонија за која сите сонуваме, изјави Хари Локвенец.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повтори дека на вицепремиерот му се заканува тригодишна затворска казна, го повика обвинителството да поведе постапка.

А директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски во интервју во Отворено студио на 1Тв потенцираше дека сопственичката структура на компаниите не е критериум за одлучување при распределбата на државните пари.

Тој нагласи дека изборот го прават надворешни експерти, а не тој како директор, ниту Анѓушев како промотор на владиниот План за економски раст.

Инаку на првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст, грантови добија 80 компании или една третина од пријавените. Тие добија вкупна сума од 10 и пол милиони евра.

Посебна приказна, и најкрупна сомнителна корупција последниве година дена, е тендерот од 36 милиони евра на Министерството за здравство на кој и покрај толку голем износ се пријавила само една фирма, и тоа основана пред само четири месеци од дваца млади луѓе од кои едниот се занимава со друг бизнис а другиот веројатно претходно не се занимавал со ништо. Засега, најавено е дека таа постапка ќе се пресипитува.

„Ахр лаб" нема поднесено понуда на тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи, соопшти нејзиниот управител Александар Јовановски, реагирајќи на написи во кои се спомнувало името на оваа компанија.

- Моето име и името на моето семејство, чии компании ги претставуваме, работат во Македонија повеќе од 30 години токму во делот со набавка на медицинска опрема, потрошен материјал, реагенси и слично. Сите што пренесоа лажни информации барам веднаш да ги отстранат од своите медиуми и јавно да се извинат за искажаните лажни ставови. Во спротивно ќе бидам принуден да поведам правна постапка за заштита на мојот углед и на мојата чест, наведува Јовановски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари