Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментов се водат во Министерството за вантрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и кој му помогнал во тоа. Владиниот портпарол Миле Божњаковски на прес-конфереција информираше дека во рамките на МВР во тек е постапка за утврдување на начинот на кој Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, ја напуштил територијата на Република Македонија.

,,Одделот на внатрешна контрола спроведува постапка за можна инволвираност на полициски службеници дека му помогнале во бегството, а дополнително секторот за внатрешни работи на Скопје го утврдува начинот на бегството, како и евентуално надворешни помагатели. По завршување на овие две постапки, МВР ќе озлезе во јавност со целосна слика за тоа како се организирало бегството на Никола Груевски”, рече Бошњаковски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари