logo
logo
logo

Како Рашковски му ЈА ОВОЗМОЖИЛ СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ОД ОСЛОМЕЈ на Анѓушев на 35 години

Vecer | 17.05.2022

Како Рашковски му ЈА ОВОЗМОЖИЛ СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ОД ОСЛОМЕЈ на Анѓушев на 35 години

Наместо ЕСМ, поранешниот вицепремиер Анѓушев ќе добие дел од македонското сонце, на третина век.  Како поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски преку физибилити студија го врти македонското сонце кон џебот на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

ИРЛ првпат открива дека сето ова не би било можно без физибилити студијата на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски. Нарачал и платил документ што дал проценка дека приватници треба да ја реформираат државната компанија ТЕЦ „Осломеј“ во сончев генератор на струја, а не ЕСМ. Студијата се работела заедно со тимот на Анѓушев. Откако си даде оставка од позицијата вицепремиер за економија, тој стана партнер во „Осломеј“.

Наместо енергијата да е во рацете на граѓаните преку наменски формираните државни претпријатија, Владата овој ресурс го става во функција на приватниот интерес, односно бизнисот.

Термоелектроцентралата „Осломеј“ во Кичево е еден од најголемите загадувачи на воздухот. Визијата за трансформација на кичевскиот загадувач во сончева фарма ја реализира тогашниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски, преку кого оди нарачката и изработката на физибилити студија за ТЕЦ „Осломеј“ – објект под надлежност на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), стои во написот.

Употребната вредност на сонцето во ТЕЦ „Осломеј“ е измерена во физибилити студија со работен наслов „Фотоволтаична централа Осломеј“. Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ ја нарачал тогашниот генсек на Владата Драги Рашковски за потребите на ЕСМ. Вицепремиер е господинот Кочо Анѓушев. Документот за оправданост за ЈПП што го обезбедиле ИРЛ покажува учество на кабинетот на тогашниот вицепремиер во тогаш само идејата – ТЕЦ „Осломеј“ од место за согорување јаглен и јаловиште да прерасне во сончева долина.

Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ открива дека улогата на господинот Кочо Анѓушев во реализацијата на приватните фотоволтаични централи на државно земјиште воопшто не била спорадична.

Текстот во физибилити студијата открива дека кабинетот на Кочо Анѓушев учествувал во изработката на документот. Откако експертите утврдиле дека е потребно јавно-приватно партнерство, а не да инвестира самата компанија ЕСМ во фотоволтаици, поранешниот заменик-премиер станува еден од газдите и управител на компанијата која следните 35 години ќе биде партнер со државата во експлоатација на сонцето за профит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk