logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

Како ФАНТОМ ФИРМА ГО УБЕДИЛА ФИЛИПЧЕ дека може да ги набави вакцините и добила пари?

Vecer | 08.05.2021

Како ФАНТОМ ФИРМА ГО УБЕДИЛА ФИЛИПЧЕ дека може да ги набави вакцините и добила пари?

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде требало да завршат над 6 милиони долари од набавката на 200.000 кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг?

- Објавивме документи од кои се гледа дека Министерството за здравство исплатило аванс на фантом фирмата, од 7.800.000 долари. Ако се земе предвид првиот документ објавен во медиумите, тоа е 60% од сумата од над 12.500.000 долари, со што доаѓаме до сума од 62.5 долари по вакцина велат од партијата.

Тие потенцираат дека тоа се над триесетина долари повеќе по доза вакцина споредено со цените што земале земјите во регионот, како што објавија медиумите.

- Филипче уште должи одговори. Како фантом фирмата со само 1000 долари основачки капитал го убедила дека може да ги набави вакцините па и исплатил 7.800.000 долари како аванс? Кои биле гаранциите кои им ги дала истата и дали некој размислил што се можело да се случи, прашуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека државата е водена како фирма без одговорност и додека сите министри низ светот бркале вакцини, Филипче и Заев бркале провизии.

Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрла сите обвинувања на опозицијата дека земјава ги набавила кинеските вакцини по многу повисоки цени од реалната. Во неделното интервју на радио Слободна Европа, тој тврди дека во тој момент на потпишување на договорот цената на вакцините била всушност многу пониска од онаа која соседните земји ја плаќале за истата вакцина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk