logo
logo
logo

Кај начекале полна кафеана среде полициски час, па уште и гостиве сакале да се ТЕПААТ со инспекторите

Vecer | 03.04.2021

Кај начекале полна кафеана среде полициски час, па уште и гостиве сакале да се ТЕПААТ со инспекторите

Доцна синоќа, некаде околу во 21: 35 часот, инспектори во Државниот пазарен инспекторат Тетово извршиле контрола во угостителски објект во с.Порој, Тетовско, сопственост на Ш.К. од с.Порој, при што констатирале дека објектот работи по дозволеното време и во него биле затекнати над 20 лица – гости.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, за време на преземање на службените дејствија, инспекторите биле попречувани од М.Б. од с.Порој, кој се обидел и физички да ги нападне, но бил спречен од присутните. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk