Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како што информира МВР, од 18 септември до денеска, од страна на полициски службеници во ПС за граничен надзор ,,Сопот“, на самата гранична линија на потегот од Миратовачки пат (селото Лојане) до автопатот спречен е обид за илегален влез во Република Македонија од правец на Република Србија на 121 мигрант во тринаесет случаи.

Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан и три лица од Индија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари