logo
logo
logo

КАФЕАНИТЕ ЛУКСУЗ ЗА НАРОДОТ, СЕ ПОСКАПО да се седне на ручек или пијачка

Vecer | 06.06.2023

КАФЕАНИТЕ ЛУКСУЗ ЗА НАРОДОТ, СЕ ПОСКАПО да се седне на ручек или пијачка

Колку македонските граѓани може да си дозволат да ручаат во ресторан, да седнат да се напијат, кафе или друга пијачка или пак да си дозволат кафеана, угостителските услуги постојано растат. Цените се се поскапи, па веројатно станува луксуз за голем дел од народот.

Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1,2 %. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 %. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покаќени за 13,5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0,7 %, Алкохолни пијалаци за 0,1 %, Безалкохолни пијалаци за 0,9 % и Ноќевања за 3,7 %.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk