logo
logo
logo

Каде се зголемени платите? Еве што одговори премиерот Заев 

Vecer | 28.04.2021

Каде се зголемени платите? Еве што одговори премиерот Заев 

Финансиските ефекти од владините пакет економски мерки покажуваат излез од кризата и заживување на економијата. Платите се зголемени во образованието, здравството, армијата, во приватниот сектор со субвенционирање на платите…,Не можам да кажам дека е доволно но навистина е видливо и може да се направи разлика, изјави попладнево премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање и најави за наесен зголемување на буџетите и во правосудството.

На прашањето од пратеникот од редовите на СДСМ Мартин Костовски за тоа што донесоа политиките на Владата во делот на унапредувањето на работничките права, Заев нагласи дека еден од најголемите ефекти кои предизвика спирала на подигање на платите е минималната плата и Законот за минимална плата од 2017 година.

-Во 2017 имавме минимална плата 9.000 денари, сега таа е 15.200 денари и нема веќе сектори кои земаат плата под минималната како што беше пред 2017. Тоа значи зголемување од 6.000 денари или 72.000 по лице годишно кај секој работник. Зголемувањето на платите во основното и средното образование е за 2.100 денари, 3.200 во високото образование. Просечната плата во здравството ја зголемивме за 4.700 денари, а во одбраната меѓу 3.000 и 6.000 денари зависи од работното место, рече Заев.

Тој додаде дека социјалните работници добиваат плата поголема за 6.700 денари во однос на 2015-та, за воспитувачките за речиси 5.000 денари, а во земјоделството освен изедначувањето на минималната плата платите се зголемени за 4.600 денари.

Преку субвенционирање на фирмите за зголемување на плати на работниците до 6.000 денари, 200.000 работници во државата имаат зголемени плати. Тој укажа и на решавањето на проблемот со Законот за стечајните работници со кој на вкупно 12.000 стечајци им се исплаќа 8.000 денари месечен надоместок, а се работи и на нов закон со кој ќе бидат опфатени и преостанатите стечајни работници.

Со четирите пакети екононски мерки нагласи Заев, сочувани се повеќе од 100.000 работни места, помогнати по разни основи се над 400.000 граѓани.

-Вкупно 65 милијаради денари директни се вбризгани во домаќинствата и во компаниите. Редовно е сервисиран буџетот, редовно се пуштени парите во оптек. Државата се има откажано од приходи за реализација на мерките и е подготвена и понатаму да развива мерки за помош на граѓаните, сиромашните, работниците, домашните претпријатија. Економско-социјалниот совет е отворен дури и за оние синдикати кои не се репрезентативни. Отворен и инклузивен процес на креирање на текстот на Предлог законот за работни односи кој очекуваме следните месеци да заврши. Недела не само што ќе биде неработен ден за многу работници, туку и за оние кои ќе работат во недела зашто не може да се прекине процесот, ќе добијат гарантирано зголемена дневница, нешто што претходно не се случувано. Остварен е дијалог со синдикатите и сите претставници на работниците. Денес тие дискутираат со Владата и министерствата на инклузивен начин достапен за сите, рече Заев.

Тој кажа и за зголемување на платата согласно колективниот договор за вработените во високото образование и науката од 1 септември годинава и тоа осум отсто за наставниот кадар, а од септември 2022 од дополнителни седум отсто.

-Со стабилизација на економијата продолжуваме и во 2023, 24 и 25 година со поголеми проценти. Овој колективен доогоовр донесен прв пат по 30 години, го уредува системот на плати во виското образование, рече Заев.

Според него, вкупно во образованието платите на околу 20.000 вработени во основното и на околу 8.000 во средните училишта во 2020 година се зголемиле за 10 отсто и заедно со покачувањето на платите во виското образование со околу 4.500 вработени и на оние во јавно-научните установи се доаѓа до бројка од 52.700 граѓани вработени во образованието и науката добиваат повисока плата, а со претходните две покачувања вкупно платите во секторов се зголемени за 20,6 отсто.

Во здравството осовната плата на лекарите и специјалистите се зголемени за 40 отсто, за медицинските сестри 20-25 отсто, на општите лекари 25 отсто, како и капитациите на матичните лекари (општи лекари, гинеколози и стоматолози) од октовмри 2019 година за 15 отсто. Од април годинава, во секторот има дополнително зголемување за 5 отсто.

Зголемени се рече и платите во социјалниот сектор во просек за 22 отсто и дополнителни пет осто согласно законот за вработени во јавниот сектор, во армијата за 3.000 до 6.000 зависно работното место, а добиваат и 7.000 денари за станарина.

-Не можам да кажам дека е доволно, но навистина е видливо и може да се направи разлика, рече Заев.

Најави за наесен зголемување на платите и во правосудството.

-Очекувам од оваа есен да настапиме како Влада пред Парламентот за првиот чекор за зголемување на севкупните буџетски основи за правосудството – за судиите и обвинителите каде што на тригодишен раст очекуваме да ги дуплираме буџетите на ЈО и судството, а паралелно со тоа да ги следиме и сите останати сектори. Верувам дека економското зајакнување на државата ќе даде уште поголеми можности граѓаните, работници да бидат уште позадоволни од нивните примања оти преку тоа се заокружува и поголемиот квалитет за живот на сите, рече Заев

Костовски по одговорот изјави дека сега гледа причина да се заблагодари до двата пратеника од парламентарното мнозинство кои во скафандери гласаа за усвојување на петиот пакет економски мерки на Владата. Во духот на 1 мај и Собранието, рече, ќе се заложи за унапредување на работничките права.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk