Каде се крие Никола Поповски во овие важни денови, се чува ли за иден ПРЕТСЕДАТЕЛ

И по неколку месеци од гласањето за отпочнување на постапката за отворање на Уставот, нејасно останува зошто Никола Попоски, екс-министерот за надворешни работи и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ отсуствуваше од гласањето и ниту еднаш во Собранието не го слушнавме неговиот став во однос на уставните измени.

На клучната седница на 19-ти октомври минатата година Попоски не присуствуваше. Тој отсуствуваше и од расправите за амандманите.

Новонарите од

Пресинг Тв се обиде да стапи во контакт со екс-министерот. Го прашавме која беше причината за неговото отсуство? Како ќе гласаше доколку беше присутен во собраниската сала? Каков е неговиот став сега? Но Попоски не одговори на нивните повици и смс пораки.

Инаку пред три месеци Поповски на фејсбук се изјасни дека нема да гласа за уставни измени.

-Врз основа на изборот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија и нашата изборна програма, јасно е дека немам мандат и не учествувам во промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на Уставното Име – напиша тогаш Попоски.

Дали Попоски периодот пред и за време на празниците го искористил за зимски одмор во некој од ски центрите во околината или се обидува да се држи безбедно на страна без да си натовари хипотеки пред можната кандидатура на претседателките избори, или пак има план да биде следен претседател на ВМРО ДПМНЕ како кандидат поддржан од западната меѓународна заедница

Поврзани

Најнови вести

Коментари