logo
logo
logo

Кацарска е симболот на партизираното трас - трас судство на Заев

Vecer | 15.06.2021

Кацарска е симболот на партизираното трас - трас судство на Заев

Кацарска е симболот на заробеното и партизирано трас - трас судство на Зоран Заев. Впрочем и во реториката и повикувањето на семејството кога е критикувана, наликува на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Кацарска беше избрана за уставен судија, а потоа и за претседател на Уставниот суд затоа што ги осудуваше сите оние кои беа противници на Заев, а и од новата позиција се очекува да продолжи да биде заштитник на оваа власт.

Таа неправедно осуди лица за тероризам само за да му удоволи на Заев и да му овозможи политички да манипулира. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги поддржува овие лица да дојдат до правда затоа што така ќе го разголат целото Кацарска судство кое Зоран Заев го инсталира во правниот систем како целосна спротивност на правото и правдата, се вели уште во партиското соопштение, односно реакцијата на изјавата на Добрила Кацарска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk