logo
logo
logo

Кабинетот на Заев КОНТРА Ахмети: Не разговарале за промена на знаме, химна и грб

Vecer | 22.06.2021

Кабинетот на Заев КОНТРА Ахмети: Не разговарале за промена на знаме, химна и грб

По интервјуто на лидерот на ДУИ, за ТВ Клан каде рече дека е разговарано за нови државни симболи, односно, за промена на знаме, грб и химна, реагираа од владата од каде демантираат.

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата, брифираат за Канал 5 од кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Во изјавата на г. Ахмети не забележавме дека тој изјави дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта.

Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните.

Владата ќе продолжи на тој пат, брифираат од кабинетот на Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk