Јубилеј: 20 години Сител вести

Знакот кој 1994та влезе во домовите денеска прерасна во бренд број еден. 17 Септември е денот кога на малите екрани се појави сигналот на уште еден национален медиум. Сител ја стартуваше експерименталната програма тогаш , а првата информативна емисија ја емитуваше на денешен ден пред точно 20 години, презентирана од Лидија Чолак. Стартот со екипа која ветува многу даде резулчтат. Доајените на тогашната телевизиска и филмска продукција меѓу кои и Лазе Паковски, Венцислав Војдановски, Зоран Предиќ, Стеван Ацевски, Горјан Стојков ги удрија темелите на кои подоцна се градеше кулата наречена Сител. Многу имиња, многу познати медиумски ликови кариерата ја градеа токму на оваа фрекфенција.

Дваесет години Сител се менуваше, но секогаш според потребите на гледачите. Засекогаш запаметени остануваат Сител бамбини, Профил, Дневна соба, Спортското студио на Бошко Трпевски. Големи настани, преноси, телевиски проекти кои оставиле печат во македонската медиумска историја. Сето ова стои во биографијата на националниот медиум.

- Поминавме многу притисоци, многу проблеми, закани, упади во редакција, сето тоа сме го поминале за да бидеме она што сме денес, вели Драган Павловиќ – Латас главен и одговорен уредник на медиумот.

- Започнавме со еден, сега имаме три сигнали. Дадовме придонес и во спортот и во информативниот дел и во културата и мислам дека сите ние треба да бидеме горди, вели Бошко Трпевски уредник на спортската редакција на Сител.
Сител имаше простор за секого и за политчарите и за уметниците, но пред се за граѓаните. Некој негодуваа, некои се согласуваа.

Уредничкиот тим предводен од Драган Павловиќ Латас, придружуван од Драган Попоски, Валентин Николоски и многу други знаеше што е она што граѓаните го бараат. Токму поради тоа Сител е на врвот на македонскиот медиумски пазар.

-Тино е тука 20 години, јас 18 и Ивона Талевска е 16 години. Помладите од нас учат како се работи и како се создава идентитет. Денес вие може да препознаете кој прилог е на новинар на Сител, кој коментар е на новинар на Сител. Успеавме да изградиме идентитет, односно она што е најважно во медиумот, вели Драган Павловиќ –Латас

Дваесет години подоцна Сител е телевизја која ги поставува стандардите. Секогаш чекор понапред пред конкуренцијата и секогаш чекор поблиску до гледачите. Така и ќе продолжи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари