logo
logo
logo

ЈСП воведе виртуелна автобуска карта

Vecer | 05.07.2022

ЈСП воведе виртуелна автобуска карта

Мобилната апликација „Скопска“, која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“ и е виртуелна автобуска карта, од неодамна е целосно функционална, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“. Апликацијата, посочуваат, е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем. Нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз. -Во изминативе неколку месеци, апликацијата ги мина сите фази на тестирање и очекуваме дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем и слично на [email protected]. Ја создадовме аликацијата водејќи се со паролата „Биди во чекор со дигиталниот свет“, а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот, велат од ЈСП. Нагласуваат дека корисниците на јавниот превоз и натаму билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“, со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk